Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „РОДИ МЕ МАЈКО МАЖ И ЌЕ МЕ СТАВАТ ЗА ДИРЕКТОР“ – посилниот пол доминира во управите на најмоќните македонски компании, а „женските“ фирми имаат повеќе успех
Економија

„РОДИ МЕ МАЈКО МАЖ И ЌЕ МЕ СТАВАТ ЗА ДИРЕКТОР“ – посилниот пол доминира во управите на најмоќните македонски компании, а „женските“ фирми имаат повеќе успех

13/03/2025

AA

Берзата и оваа година направи анализа колку жените се застапени во управните и раководните органи и тела на компаниите кои се котирани на македонскиот пазар на капитал, а таа покажува дека мажите и натаму се најпосакувани „шефови“ во македонскиот бизнис, иако компаниите раководени од жени остваруваат многу подобри резултати. 

„Во функција на зајакнување на општествената свест за постигнување на поголема родова рамноправност, Македонска берза и оваа година објавува ажурирана анализа за структурата на органите на управување кај котираните акционерски друштва“, велат од Берзата. 

Анализата покажа дека на Берзата има 87 котирани компании, при што во ова истражување не се влезени оние компании кои се суспендирани од котација. Во овие акционерски друштва има 549 членови во органите на управување. 

Од вкупно 549 членови во органите на управување на котираните акционерски друштва, само 26,6 отсто се жени.

И, следува уште полош процент за највисоките раководни функции, имено, од сите извршни директори или претседатели на управни одбори на котираните компании, само 16,7 проценти се жени.

Што се случува, пак, со компаниите кои се „кремот“ на македонскиот бизнис, односно со оние кои го сочинуваат главниот македонски берзански индекс МБИ10.

Од 10 компании, само една има жена за извршен директор, сите други деветмина се мажи.

„Во МБИ10 компаниите, 27,8 отсто од членовите на органите на управување се жени, а само една компанија е управувана од жена извршен директор или претседател на Управен одбор.

Кои дејности најмногу прифаќаат жени за директорки? Верувале или не тоа е земјоделството, каде дури 38,71 отсто од членовите во органите на управување се жени.

А, најнепожелни како шефици жените се во осигурителната дејност, каде на раководни позиции се само 11,11 отсто. 

„Френдли“ за жените е и трговијата, со 34,8 отсто жени на раководни позиции,а во категоријата не толку е фармацијата, со 17,8 проценти. 

Во банкарството жени директорки се 26,5 отсто, а во градежништвото 25 проценти. 

Кога станува збор за тоа колку жени се „први луѓе“ на компанијата, топ 5 дејности со најголем број жени извршни директори или претседатели на управните одбори од  котираните компании се прво трговијарта, со 41,7 отсто, па угостителството со 25 отсто, по него следува земјоделството со 20 проценти, потоа 14,3 отсто има банкарството и 12,5 отсто имаат услугите. 

Најголем број на жени извршни директори или претседатели на управните одбори кај котираните компании има во дејностите трговија, угостителство, земјоделство, банкарство и услуги. 

А, како што говори берзанската анализа, котираните компании управувани од жени директори или претседатели на управен одбор, во 2024 година, почесто оствариле добивка, во споредба со котираните компании управувани од мажи.

Па така, процентот на АД со жени директори или претседатели на УО кои оствариле добивка или загуба во 2024 година е 88,2 отсто, додека пак кај оние друштва со мажи на тие позиции овој процент изнесува 77,5 отсто.

Трендот дека котираните компании управувани од жени директори или претседатели на управени одбори почесто остваруваат добивка е најизразен во 2024 година.

Котираните компании кои оствариле добивка во 2024 година имале повеќе жени во органите за управување, споредено со компаниите кои забележале загуба.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy