Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РОЈТЕРС ИСТРАЖИ – ЕГЗОДУСОТ НА ЗАПАДНИТЕ КОМПАНИИ НЕ ГИ ВОЗНЕМИРИ РУСИТЕ: Лесно ги добиваат производите што ги сакаат
Економија

РОЈТЕРС ИСТРАЖИ – ЕГЗОДУСОТ НА ЗАПАДНИТЕ КОМПАНИИ НЕ ГИ ВОЗНЕМИРИ РУСИТЕ: Лесно ги добиваат производите што ги сакаат

27/02/2023

AA

Официјалните
статистички податоци покажуваат дека обемот на стоки – испорачани во Русија
преку паралелен увоз – надмина 20 милијарди долари од декември.

Егзодусот на
западните компании од Русија имаше минимално влијание врз потрошувачите во
земјата, објави Ројтерс оваа недела, истакнувајќи дека повеќето стоки лесно се
наоѓаат.

Според сегашните
информации, главната промена била во маршрутите за снабдување, но производите
остануваат достапни и онлајн и во продавниците, иако времето на испорака може
да биде подолго, а некои стоки поскапи.

Во извештајот се
наведува дека огромното мнозинство на стоки не се предмет на западни санкции и
затоа се легални.

Преглед на
Ројтерс на шест големи онлајн пазари и разговори со десетина купувачи и
продавачи покажа дека на рускиот пазар пристигнува широк спектар на увезени
стоки.

– Брзо беа
воспоставени контакти и беа потпишани нови договори со нови партнери, беа
иницирани нови текови на пари и логистички синџири за снабдување со турски,
полски и казахстански компании – изјави неименуван висок функционер во продавница
за малопродажба.

– Сепак, како и
обично, клиентот е тој што го плаќа цехот, односно дава повеќе пари поради овие
непријатности – додава тој.

Минатиот март,
руската влада ги овласти трговците на мало да увезуваат производи од странство
без дозвола на сопственикот на трговската марка. Механизмот на „паралелен увоз“
беше легализиран за снабдување на пазарот со стоки што западните компании
престанаа да ги снабдуваат поради санкциите.

Рам Бен Цион,
главен извршен директор на платформата за дигитална верификација Publican,
изјави за Ројтерс дека како што се развиваат нови рути, дополнителните трошоци
за логистика, патување и скалирање ќе опаѓаат.

– Консолидирани и
проширени се механизмите за паралелен увоз, што значи дека речиси сè е достапно
и така ќе биде и во иднина – рече тој, посочувајќи на линиите камиони на
границата и новите субјекти што се појавуваат во блиските земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy