Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РКЕ САМО ЗА ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ИЗДАДЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА 133 ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИ: Има струја за домаќинствата од 10 градови
Економија

РКЕ САМО ЗА ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ИЗДАДЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА 133 ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИ: Има струја за домаќинствата од 10 градови

08/04/2023

AA

За петнаесет месеци Регулаторна комисија за
енергетика и водни услуги (РКЕ)  има
издадено лиценци за 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи
извори. Станува збор за вкупна инсталирана моќност од 191,6 MW што е приклучена
на мрежа за една година и три месеци и со  која може да се задоволат потребите на
домаќинствата со просечна потрошувачка од десет градови: Охрид, Тетово,
Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен, Дојран, Дебар и Виница.

„Во првото тромесечје од 2023 година Регулаторна
комисија за енергетика  издаде лиценци за
133  фотонапонски електроцентрали со
моќност од 39,4 MW.  Ако се гледа
кумулативно со претходната година од кога стартуваше т.н Елдорадо за инвестиции
во обновливи извори, во земјава на мрежа се вклучени капацитети со инсталирана
можност од 191,6 MW, со која може да се задоволат потребите на близу 76 000
домаќинствата со просечна потрошувачка, односно може да се обезбеди електрична
енергија за домаќинствата од  десет
градови. За да може да се искористи енергијата од Сонце и во текот на ноќните
часови во фаза на изработка сме на правила што ќе ја регулираат процедура во
поставувањето на батериите пред се како комплементарен, но и засебен дел од
секоја изградена централа.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна
комисија за енергетика.

Во 2022 години РКЕ им издаде лиценци на вкупно
267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со  инсталиран вкупен капацитет од 152.2 MW. Од
нив 106.5 MW се ФЕЦ, додека 36 MW се за ветерни електроцентрали, а 7,2 MW се
за  мали хидроцентрали и 2,5 MW за
тероелектроцентрали на биогас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека

14/08/2026
Македонија

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа

14/08/2026
Македонија

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово

14/08/2026
Македонија

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група

14/08/2026
Македонија

Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција: Запленети 300

14/08/2026
Македонија

Заштитете ги пчелите: Во вторник терестричната дезинсекција против ларви во

14/08/2026
Македонија

Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната

14/08/2026
Македонија

Трагедија на патот Струмица – ГП Ново Село: Пијан возач

14/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45028
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава за 18-годишна девојка од виничко: Лажно пријавила дека избола човек со нож

14/08/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.С.(18) од с.Лески, виничко, поради постоење основи на сомнение за

Пијан маж ja напуштил сопругата на улица во Тетово, таа ја превртела количката со се

14/08/2026

СВР Тетово поднесe кривична пријава против В.М.(42) од Прилеп и Б.С.(37) од село во општина Желино поради постоење основи на

Голем пожар над селото Бојане: Пожарникари од Скопје и Тетово се борат со огнената стихија

14/08/2026

Пожар од поголеми размери попладнево избувна над скопското село Бојане. Според првичните информации, огнот се шири од правецот на општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy