Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РКЕ најавува нов бран дигитализација: Паметни броила, граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја!
Македонија

РКЕ најавува нов бран дигитализација: Паметни броила, граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја!

22/01/2026

AA

Во услови кога сајбер нападите стануваат сериозна закана за функционирањето на модерните енергетски системи, клучните енергетски компании во земјава воведуваат нов сет мерки за заштита и зголемување на отпорноста на критичната инфраструктура. Мерките се спроведуваат по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Во пакетот мерки се вклучени задолжително тестирање на критични системи, воспоставување меѓународни безбедносни стандарди, именување офицери за сајбер безбедност и формирање одделни буџети во компаниите во кои приоритет ќе имаат инвестициите за сајбер заштита.

Целта е да се зајакне отпорноста на енергетскиот систем на потенцијални сајбер напади, да се заштити критичната инфраструктура и да се обезбеди континуирано и сигурно снабдување со електрична енергија за граѓаните и економијата.

„Анализите покажаа дека до 2024 година ниту една компанија немаше имплементирано ниту еден стандард за сајбер безбедност. Некои имаа воспоставено локални политики и процедури, но тоа не беше доволно за следење и развивање на безбедносниот сајбер обрач. Во моментов две енергетски компании го имплементираа меѓународниот ИСО стандард за управување со безбедноста на информациите, додека три компании се во финална фаза. Факт е дека кај приватните компании имплементацијата е полесна, бидејќи не се обврзани да распишуваат тендери како јавните претпријатија“, изјави Апостолчо Рамов, раководител на сектор за информатичка технологија и статистика во РКЕ на третата Конференција за дигитализација организирана од Американската стопанска комора.

Рамов посочи дека со законските измени во 2023 година РКЕ станала пионер во регионот во воспоставување правила за сајбер безбедноста, при што регулаторната дигитализација ќе продолжи и со следната фаза – воведување на паметни броила.

„Законот е на сила, а операторите на пренос и дистрибуција треба да направат анализа за воведување на паметни мерни системи. Целта е секој граѓанин сам, преку мобилен уред или онлајн, да ја следи потрошувачката. Во моментот се прави техничка анализа. Дигитализацијата ќе ја зголеми довербата – ќе нема дилеми дали сметката е реална или претпоставена“, додаде Рамов.

За намалување на ризиците врз континуираното снабдување со електрична енергија, РКЕ во 2023 година, во соработка со НАРУК и УСАИД, донесе Правила за сајбер безбедност. Со нив првпат системски се уредуваат обврските на енергетските субјекти во однос на заштита на мрежите и информациско-оперативните технологии. Во наредниот период правилата ќе бидат усогласени со новиот Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, со што ќе се создадат предуслови за стабилен и модерен енергетски систем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy