Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РКЕ го објави Годишниот извештај за работата во 2022
Македонија

РКЕ го објави Годишниот извештај за работата во 2022

03/05/2023

AA

Сигурно и континуирано снабдување со енергија и енергенси на сите потрошувачи – е клучната мисија што Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја реализираше во најтешката година на глобална енергетска криза. Воедно, РКЕ продолжи да ги спроведува реформите во енергетската регулатива, поради што петта година по ред е оцената за најдобар регулатор од страна на Енергетската заедница – стои во Годишниот извештај за 2022 година за работата на РКЕ, што е доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

Минатата година ќе остане запаметена по тоа што спроведовме реформа на тарифниот систем со воведување на Блок тарифи во пресметувањето на потрошувачката на електрична енергија. Оваа клучна регулаторна реформа беше првиот одговор на енергетската криза поттикната од податоците дека во земјава 1 процент од потрошувачите трошат 20 проценти од домашната произведена енергија. Реформата се заснова токму врз принципот „Кој троши помалку, да плаќа помалку“, што даде резултат – заштеда од над 16 проценти на електрична енергија во првиот квартал од воведувањето на реформата, вели во пишана изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Високите цени на електрична енергија беа мотив потрошувачите да почнат со инвестиции во фотонапонски панели на постојните објекти, а произведената електрична енергија ја користеа за сопствени потреби. Инсталираниот капацитет на обновливи извори се зголеми на рекордни 144,4 MW, што пак влијаеше на намалување на вкупната електрична енергија преземена од системот.

-Вкупно 267 централи од обновливи извори на енергија се здобија со лиценци, со вкупен инсталиран капацитет еднаков на три стратешки енергетски капацитети кои државата ги градела со години – ХЕЦ Козјак, ХЕЦ СВ Петка и ветрениот парк Богданци, наведува Бислимоски.

Од РКЕ во соопштението наведуваат и дека во 2022 година издале нови лиценци за вршење на дејностите во секторот за топлинска енергија на ЕСМ СНАБДУВАЊЕ, ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА и ЕСМ ПРОДАЖБА, откако претходно БЕГ побара престанок на своите лиценци. Потсетуваат дека во делот на природниот гас со потпишувањето на Договорот за интерконекција помеѓу ГА-МА АД Скопје и Булгартрансгаз се зголеми капацитетот на гасоводот, како и дека се обезбеди можност земјава да се снабдува со гас од повеќе извори преку Република Бугарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy