Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РКЕ ја намали цената на Електродистрибуција за да нема „струен“ шок од јануари
Економија

РКЕ ја намали цената на Електродистрибуција за да нема „струен“ шок од јануари

02/12/2024

AA

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика,Марко Бислимовски, денес соопшти дека значително се намалува цената во делот од сметките за електрична енергија кај домаќинствата за дистрибуција.

Електродистрибуција,компанијата на ЕВН задолжена за мрежното покривање, оствари големи добивки изминатиот период. Сега РКЕ ја намалува цената на оваа услуга за да не дојде до ценовен шк од 1 јануари 2025 кога ЕВН Хоме,како универзален снабдувач, ќе ја соопшти својата цена. Веќе е соопштено дека АД ЕСМ ќе му ја продава струјата на ЕВН Хоме поскапена од 60 на 62 евра по мегаватчас, но и прашање е колкав дел од потребните количини ќе може да задоволи.

– Според цената од 62 евра на ЕСМ кај ЕВН Хоме,не очекувам дека ќе има поголемо покачување од 1 процент на конечната цена за домаќинствата и поголемиот дел од малите потрошувачи, рече денеска Бислимовски.

Мрежарината,преносот и диструбуцијата, според денешната одлука на седницата на РКЕ, ќе претрпат намалување за 7 проценти. Според одлуката, цената за дистрибуција се намалува за 5,52 проценти, а делот од мрежарината се намалува за 7 проценти

– Успеавме да ја намлиме мрежарината, бидејќи кај одредени компании има поголем остварен профит,  порача Бислимовски.

Конечната цена, односно колкаво ќе биде очекуваното минимално поскапување,ќе биде познато кон крајот на декември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата го одби барањето на Филипче за референдум за ЕУ

27/05/2026
Македонија

ФОТО Запален камион на патот Битола-Прилеп

27/05/2026
Македонија

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории

27/05/2026
Македонија

Со тишина и молитва до правда: Најавен 44-тиот „Марш на

27/05/2026
Македонија

МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27/05/2026
Македонија

Со возачка дозвола од „Б“ категорија отсега ќе може да

27/05/2026
Македонија

АПИС и АСОМ бараат јавна расправа за предлог законот за

27/05/2026
Македонија

Грозданов: Модерното рударство денес е една од најконтролираните индустрии

27/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43491
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата го одби барањето на Филипче за референдум за ЕУ

27/05/2026

Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада, поради што нема

ФОТО Запален камион на патот Битола-Прилеп

27/05/2026

Камион полн со роба се запали попладнево на патот Битола-Прилеп. Според информации од терен, формирани се големи колони и застој

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории граѓани

27/05/2026

Нова финансиска поддршка за социјално загрозените лица Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска поддршка, со кој е предвидено одредени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy