Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ризична е потрагата во Лепенец за екипите поради надојдените води и отпад
Македонија

Ризична е потрагата во Лепенец за екипите поради надојдените води и отпад

17/06/2023

AA

Продолжува потрагата по три лица кои се водат како исчезнати откако автомобил заврши во реката Лепенец попладнево, излетувајќи од патот Скопје-Приштина.

Екипата на 4NEWS.mk од терен јавува дека потрагата иако продолжува во овие вечерни часови, сепак е ризична за тимовите поради надојдените води на ректата Лепенец.

„Освен што водата е матна и надојдена, огромен проблем претставува ѓубрето конкретно бандажи од автомобили кои најверојатно се исфрлени во реката“, вели еден од спасувачите за нашата екипа.

Инаку од МВР информираа за ТВ21 за несреќата:

Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага. Ова е првична информација.

И центарот за управување со кризи излезе со првични информации:

Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот „Скопје-Граничен премин „Блаце“ (близу тунелите) се случила сообраќајна несреќа во којашто учествувале патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б. од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П. од Косово, што по несреќата паднало во реката Лепенец. Во возилото „бмв“ покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во болница – ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица трагаат тим нуркачи од САЕ „Тигар“ како и тим со дрон.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy