Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ристовски вели ако имало местење и двата клуба ќе ја загубат лиценцата – Башкими: Нема никаков доказ, ни индикација дека Башкими играл нефер!
Македонија

Ристовски вели ако имало местење и двата клуба ќе ја загубат лиценцата – Башкими: Нема никаков доказ, ни индикација дека Башкими играл нефер!

07/05/2025

AA

Во мечот одигран вчера во Гевгелија, Кумановци триумфираа со 2-1 благодарение на гол во 92. минута, за кој многумина сметаат дека бил постигнат под сомнителни околности. Победата им донесе вредни бодови во битката за директен пласман во Првата лига, но начинот на кој стигнаа до неа отвори сериозни прашања.

Веднаш по завршувањето на средбата, на социјалните мрежи и во медиумите се појавија бројни реакции, обвинувања и сомнежи дека натпреварот бил договорен. Министерот за спорт, Борко Ристовски, реагираше остро и најави санкции.

„Ако се утврди дека имало местење, и Кожуф и Башкими ќе ја загубат лиценцата за спорт“, изјави Ристовски.

Настанот доби големо медиумско внимание, а надлежните институции веќе започнаа со истрага. Очекувањата се дека наскоро ќе има официјални информации за можните неправилности.

Со соопштение синоќа се јави Фудбалскиот клуб Башкими кој се обиде да се одбрани, но не го објасни најважниот дел – зошто противникот му дозволи лесно да постигне гол во момент кога имаше бод „в џеб“.

„Нашиот клуб, со најголема одговорност информира дека секој натпревар, вклучувајќи го и овој со Кожуф, е чист и заслужено ги освоивме трите бода во нашата борба за пласман во Првата лига. Силно веруваме дека нападот врз нас брзо ќе се заборави бидејќи нема никаков доказ, ни индикација дека Башкими играл нефер“, објави, меѓу другото, кумановскиот клуб.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ. 

„Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот. Она што го видовме е срамно и неприфатливо.  Ова раководство на ФФМ нема да дозволи ваквите појави да станат норма, ниту да поминат без последици“, рекоа од ФФМ.

На две кола пред крајот на Втората лига, Башкими се наоѓа на третата позиција на табелата, со бод помалку од второпласираниот Арсими и три од лидерот Македонија ЃП. Сето ова може да падне во вода ако Фудбалската федерација ги казни учесниците во вчерашниот скандалозен натпревар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy