
Ристовски со Динамо ќе игра само Конференциска – убедлив пораз и елиминација во Прага
Загрепчани кои среде европска авантура останаа без првиот стопер Јосип Шутало, па голманот Доминик Ливаковиќ и офанзивецот Лука Иванушец, имаа продолженија во рака три минути пред крајот на мечот, но Чесите дадоа четврти гол за да ги елиминираат.
Дека лошо ги чека „модрите“ најави Спарта со два гола во првата половина од првиот дел, Хараслин донесе предност по две минути, Соренсен ја дуплираше предноста, а Панак во 67-та погоди и третпат. Марин Батурина во 71-та даде гол за Динамо да има барем продолженија во рака, но Олатунџи во 87-та ги потопи.
Во Лига Европа покрај Спарта, пласман обезбедија и кипарски Арис кој со 6-2 ја здроби Слован Братислава, Шериф Тираспол кој со 2-1 го елиминира Ки Клаксвик од Фарските острови, како и Славија Прага после поразот со 1-2 со украинска Зарја, но пресуди домашниот меч на чешкиот гигант со 2-0.
