Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ристовски: Предложивме или да се откаже Олимпијадата или да се намали на 1.000 учесници, но бевме одбиени
Македонија

Ристовски: Предложивме или да се откаже Олимпијадата или да се намали на 1.000 учесници, но бевме одбиени

03/08/2025

AA

Министерот за спорт Борко Ристовски уште еднаш се осврна на неодамна завршениот Европски младински олимписки фестивал и критиките околу организацијата на овој масовен спортски настан во Скопје.

Иако Министерството за спорт нема никакви законски мерки ниту можности за да биде организатор на едно вакво натпреварување, туку тоа е Олимпискиот комитет на Македонија кој заедно со Град Скопје се потписници на тој договор, Ристовски понудил неколку предлози за да се надминат предизвиците.

– Предложивме или да се откаже Олимпијадата или таа да се редуцира на 1.000 учесници за коишто можеме како држава да дадеме гаранции. Бевме одбиени од причина што веќе било премногу доцна за да се откаже Олимпијадата за младинци, што е и до некаде разбирливо, меѓутоа имаше обид и кажавме дека ние немаме капацитет за да за да организираме вака еден масовен настан, изјави Ристовски во интервју за Радио Слободна Европа.Сепак Министерството за спорт даде логистичка поддршка на ЕМОФ 2025.

– Јас лично имав разговор со претседателот на Европскиот Олимписки комитет во насока да укажеме дека како држава ги немаме тие спортски комплекси кои Олимпискиот комитет и градот Скопје си го преземале како обврска со потпишување на договор за организирање на еден вака морам да додадам дека иако организацијата во одреден момент затаи, меѓутоа не беше на ниво катастрофално како што тоа сака да го прикажат поединци или опозицијата. И ете кога ќе угостите преку 4.000 дечиња, нормално е да има некои недостатоци. Не постои држава на светот или Олимписки комитет на светот или град на светот што може да го организира без недостатоци и тоа е во ред. Улогата на министерството беше чисто логистичка. Од нас беше побарано, на пример, да купиме 150 нови креветчиња за студентските домови коишто ќе останат понатаму во студентските домови. Ние како министерство успеавме од една општествено одговорна компанија да замолиме да донира 2.000 перници, сите оние работи коишто се потребни за тие креветчиња. Беше побарано од нас да го обезбедиме дел од автобускиот превоз којшто го обезбедивме. Беше побарано од нас сите спортски сали да бидат дадени на користење бесплатно, што и донесовме одлука на Влада и ги оставивме сите оние спортски сали бесплатно на користење и беше побарано од нас да помогнеме во промоција на настанот, потенцира Ристовски.

Се осврна и на слабите резултати на македонските спортисти кои не успеаја да освојат ниту еден медал.

– Немањето резултати не може да се смени ниту за една година, ниту за две, ниту за три. Тоа е еден процес којшто барем треба да трае два олимписки циклуса, а тоа е четири до осум години за да направите резултат на Олимпијада, зборувам. А, не е точно дека младите не се поддржани од државата. Јас ќе ви набројам многу факти коишто не се така. Направивме да спортистите заслужни ги добиваат средствата директно. Да не оди тоа преку федерациите. Затоа што имаме случаи, и сега имаме случај, да ние ги префрламе наменски средствата за одреден спортист и тие средства се држат четири до пет месеци и не му се префрлаат на спортистот, рече Ристовски.

Министерот помеѓу другото зборуваше и за спортската инфраструктура

.– За капиталните спортски инфраструктурни објекти можам да ви кажам дека ние како Министерство за спорт за неполна година – зборувам имавме четири-пет месеци коишто во таа трансформација бевме министерство, меѓутоа немавме ни буџет, мораше да го чекаме ребалансот за да функционираме – ќе ја заокружиме на една година. Во делот на капиталните инвестиции мислам дека сум многу горд на сè она што го направивме, нагласи министерот Ристовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy