
Ристовски одигра 41 минута, Динамо со епски пресврт го реши Осиек
Осиек поведе со голот на Миерез во седмата минута, а Динамо во 41. минута остана без Стефан Ристовски кој се пожали на болки и мораше да биде заменет.
На стартот на второто полувреме следеше нов шок за Динамо, откако Буквиќ погоди за 2-0, но гигантот од Загреб не се предаваше и преку Емрели стрелаше за 1-2.
Притисокот на гостите продолжи до последниот судиски свиреж, а Петковиќ со два пенали до крајот на мечот режираше епски пресврт (3-2).
Динамо е четвртопласиран во првенството со 10 бода, додека на врвот е Хајдук со 15 бодови.