
Ристовски глумеше фотограф на „Максимир“ – ја сликаше радоста за победата над Хајдук (ФОТО)
На „Максимир“ беше неизмерна радоста за фудбалската лекција што првакот му ја одржа на својот најголем ривал, па Ристовски кој во оваа втора полуетапа има два гола и асистенција, сега се фати за фотоапаратот и глумеше фотограф. Ја сликаше радоста и славјето на големата победа.
За да не остане славјето без стандардниот десен бек, голманот Диминик Ливаковиќ потоа ја преземал улогата на Ристовски, за македонскиот репрезентативец исто да го има на сликите од радоста.