
Ристоски тренер на одбојкарската секција на клубот за кој играа(т) Нејмар, Митровиќ… (ФОТО)
Ристоски преку неговиот профил на социјалните мрежи соопшти дека е среќен што ќе тренира нов тим во сезоната 2024/25.
„Среќен сум да ви соопштам дека мојот следен голем предизвик е одбојкарски тим на Ал Хилал“, објави Ристоски.
Ал Хилал доминира и во светот на фудбалот, а за богатиот клуб веќе играат ѕвезди како Нејмар, Александар Митровиќ и други.