Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ристоска со одговор на нападите: Не изигрувам жртва!
Македонија

Ристоска со одговор на нападите: Не изигрувам жртва!

13/02/2026

AA

Обвинителката Ленче Ристоска ги отфрли како невистинити тврдењата изнесени од адвокатката Лејла Кадриу, оценувајќи дека станува збор за лаги кои, како што вели, лесно можат да се проверат.

Ристоска истакна дека постојат докази за трошењето на средствата во 2015 година, како и записници за кои, според неа, адвокатката зборувала без да била присутна во поранешното Специјално јавно обвинителство во тој период. Таа нагласи дека станува збор за поранешен обвинител кој бил разрешен од Совет на јавните обвинители поради тешка дисциплинска повреда и непрофесионално постапување во предмет што, како што посочи, нема поврзаност со СЈО.

Во изјавата Ристоска посочи и дека изнесените ставови на Кадриу масовно се споделуваат од лица кои се обвинети, осомничени, амнестирани или суспендирани, при што, како што рече, освен поранешниот премиер Никола Груевски, тие не биле поврзани со предмети на СЈО.

Таа смета дека нападите се случуваат во период кога е кандидат за републички јавен обвинител и дека тоа, според неа, „дава тежина на кандидатурата“ и покажува дека е вистински избор за функцијата.

Ристоска додаде дека не се претставува како жртва, туку како борец против криминал и корупција, оценувајќи дека одредени профили на лица се чувствуваат засегнати од нејзината определба во таа борба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy