Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ристески: Договорот за зголемување на платите во јавната управа е доказ дека социјалниот дијалог функционира
Македонија

Ристески: Договорот за зголемување на платите во јавната управа е доказ дека социјалниот дијалог функционира

10/02/2026

AA

Постигнатиот договор за зголемување на платите во државната администрација е доказ дека социјалниот дијалог функционира и дека институциите работат транспарентно, оцени заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Тој посочи дека со договорот со двата репрезентативни синдикати – САДУ и УПОЗ – предвидено е зголемување на платите за над 40 проценти за околу 11.000 вработени во администрацијата, кое ќе се реализира заклучно со 2028 година. Според него, со ова се заокружува процесот на усогласување на платите во секторите каде што Владата е директен работодавач, потсетувајќи дека во изминатиот период беа постигнати договори и за зголемување на платите во образованието, здравството, социјалната заштита, армијата и полицијата.

Ристески нагласи дека новиот договор ќе овозможи овие вработени да се доближат до нивото на примања во други институции, при што, како што рече, се коригираат неправдите создадени во минатото. Тој укажа дека бил наследен неусогласен систем, во кој платите во јавниот сектор се регулирале преку различни колективни договори и правилници, што довело до нееднаквости – вработени на исти позиции да примаат различни износи.

Во наредниот период, најави тој, ќе следат преговори со репрезентативните синдикати за нов Општ колективен договор за јавниот сектор, со оглед дека постојниот е истечен. Целта, според него, е воспоставување јасен и системски модел за пресметка и раст на платите, што ќе овозможи поодговорно буџетско планирање.

Во однос на минималната плата, Ристески повтори дека клучно е договорот да се постигне меѓу синдикатите и претставниците на приватниот сектор. Владата, рече тој, ќе го прифати секое решение што ќе произлезе од нивниот договор, а доколку не се постигне согласност, минималната плата ќе се усогласи согласно важечкото законско решение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy