
Римското дерби донесе тензии, спектакуларни кореографии, но не и голови!
Фановите на двата тима фанатично ги бодреа своите миленици во сите 90 минути, но не успеаја да им ги разбодат голгетерските способности. Тренерите, пак, Сари и Мурињо постојано се движеа крај аут-линијата, си дофрлуваат, а често и се расправаа, но од тоа, за среќа, не излезе некој поголем инцидент. Посериозни шанси и да немаше, па ремито без голови и најреален исход од овој дерби дуел.

Рома со овој бод е на седмата позиција и сега има 18 бода, додека Лацио е десеттопласиран, со еден бод помалку од „волчицата“ на Мурињо.
