Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Револверашка“ пресметка во Кале: ТФТ најде одговор и за Работнички (ФОТО)
Спорт

„Револверашка“ пресметка во Кале: ТФТ најде одговор и за Работнички (ФОТО)

11/11/2024

AA

Екипата на ТФТ останува единствена непоразена екипа во Првата македонска кошаркарска лига, по шест одиграни кола.

Во дербито на овој круг, тимот од Тафталиџе го совлада Работнички со 85-77 и ја задржа челната позиција на табелата. Натпреварот го одбележа шутерското шоу на двете екипи имајќи предвид дека беа постигнати вкупно 26 тројки, а Работнички повеќе од половина поени ги постигна со шут од дистанца.

ТФТ главно го диктираше темпото, но за израмнетоста на овој меч најдобро зборува фактот што највисоката предност на формалниот гостин на натпреварот, беше осум разлика, колку што беше и конечниот резултат. Двете екипи се менуваа во водство, но не успеваа долго да го задржат бидејќи на секоја предност повисока од еден посед, следуваше серија, најчесто со тројки, на противникот. ТФТ имаше 23-17 и 29-22 во вториот период, како и највисоките 33-25. Работнички не само што не се шокираше од тој резултат, туку до крајот на полувреме успеа и да го преземе водството (38-37).

И во третата четвртина главно иста слика, ТФТ го диктираше темпото, но тогаш се разиграа Ефремовски и Ѓуроски кои со серија тројки го анулираа водството на противникот и му донесоа предност од 60-56 на Работнички, највисоко за тимот од градски парк за овој натпревар. ТФТ одговори со серија од 10-0 за враќање на предноста, а револверашката пресметка продолжи и во последниот квартал. Ваков шутерски меч мораше да биде одлучен со тројка, а ја постигна Говенс на 69 секунди пред крајот, со истекот на времето, од огромна далечина и под притисок на противнички играч, за 83-77 за ТФТ. Тоа придонесе за конфузија во редовите на Работнички, следниот напад беше брзоплето одигран, домаќинот не успеа да поентира и Гринли од линијата за слободни фрлања само стави точка на мечот.

Гринли со 24 поени беше најефикасен кај својот и постигна четири од 12. тројки на ТФТ. Ѓуроски и Ефремовски го предводеа Работнички и заедно реализираа дури 11 тројки. За Работнички ова беше втора пораз сезонава, а двата ги претрпе од градските ривали – прво МЗТ Скопје, а сега ТФТ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
Македонија

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно

17/02/2026
Македонија

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА

17/02/2026
Македонија

Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино

17/02/2026
Македонија

НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41587
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина Мангова во Лондон

17/02/2026

Екс-министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, е предлогот на Владата за нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел,

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под наша надлежност“, велат од Ски

17/02/2026

На 16.02.2026 во 14:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, екипа од

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО ИСПОЛНИЛ Оваа влада ги испочитува

17/02/2026

ССМ за една година од Владата бара исполнување на барањата кои во изминатите седум години, за време на владеењето на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy