
„Револуција“ на пазарот на труд од 1 јануари 2026: Пензионери и студенти ќе можат легално да работат сезонски без да ги изгубат пензиите и стипендиите
Од 1 јануари 2026 година, Македонија влегува во нова ера на регулирање на привремените и повремените работи. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, го најави почетокот на примената на Законот за работно ангажирање лица, кој ветува флексибилност за работниците и силен удар врз сивата економија во три клучни сектори: земјоделство, угостителство и услужни дејности.
Овој закон, кој за првпат се воведува во домашниот правен систем, нуди можност за легален дополнителен приход за најранливите категории граѓани, без притоа да се загрозат нивните постоечки права.
Клучната новина што ја носи ова законско решение е заштитата на стекнатите права. Според Ристески, законот овозможува работно ангажирање на широк спектар граѓани – од студенти и пензионери, па сè до невработени и веќе вработени лица кои бараат дополнителна заработка.
Ова значи дека еден пензионер ќе може сезонски да работи во земјоделство или угостителство и да ја задржи целата пензија, а студент да работи без да го изгуби правото на стипендија или сместување во дом.
Освен социјалната компонента, законот има за цел драстично да ја намали неформалната економија преку поедноставување на бирократските процедури. Воведувањето на специјализиран софтвер е главната алатка во оваа битка.
„Со Законот ќе се интензивира борбата со неформалната економија, односно работата ’на црно‘. Ќе има мобилна апликација со која сите работодавци кои ќе ги ангажираат овие лица ќе може во моментот да ги пријавуваат и да ги одјавуваат,“ истакнува заменик-министерот.
Ваквиот систем на дневно пријавување и одјавување (систем на ваучери или дневна регистрација) ќе им овозможи на работниците легален статус и сигурност за секој одработен ден.
Законот прецизно ги дефинира условите под кои може да се врши ваков тип на ангажман, со цел да се спречи злоупотреба на трудот и замена на редовните вработувања со сезонски.
Според новите правила:
Очекувањата на Владата се дека со овој потег ќе се реши проблемот со недостаток на сезонска работна сила, а истовремено ќе се подобрат домашните буџети на илјадници граѓани.
