
РЕВОЛУЦИЈА?! Кинезите ја претставија нивната „златна батерија“
Производителите на електрични автомобили продолжуваат да се тркаат за изградба на подобра технологија кога станува збор за зголемување на опсегот на возилата.
Најновиот претендент за титулата во таа трка е кинескиот Zeekr, кој ја претстави батеријата LFP која може да додаде до 500 километри досег за само 15 минути полнење. Првиот модел кој ќе користи „златна батерија“ ќе биде Zeekr 007, а потоа „некои други возила“, како што соопшти брендот.
Благодарение на способноста за полнење од 500 kW, батеријата со непознат капацитет ќе може да се полни од 10% до 80% за само 15 минути, што ќе биде доволно за дополнителни 500 километри досег.
Новиот Zeekr, да потсетиме, треба да биде сериозен ривал на автомобилите на Tesla, а се базира на архитектурата PMA2+.
Зеекр инсистира дека оваа батерија, без разлика на нејзината густина, е многу безбедна и отпорна на оган, а тоа го докажале и при тестирањата што ги направиле надлежните институции во Кина.
Autocar објави дека новите Zeekr LFP батерии подоцна ќе се најдат во автомобили од други марки на истата компанија, како што се Geometry, Polestar, Proton, Smart, Volvo и Lotus.
