Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ревизорот онеме! Испарија ли од државното „Водостопанство“ 922.000 евра?
Економија

Ревизорот онеме! Испарија ли од државното „Водостопанство“ 922.000 евра?

09/02/2023

AA

Независниот ревизор одбива да даде мислење за финансиското работење на државното „Водостопанство“ заради бројни недостатоци, нејаснотии и пропусти во работењето во 2021 година. За истата година оваа државна фирма, од чие работење онеме независниот ревизор, од централниот буџет добила над 2 милиони евра поддршка

Имало ли и полоша државна фирма од „Железници“? Вака ќе се запраша секој што има основни познавања од економијата, а го прочитал извештајот на независната ревизија во државното „Водостопанство“ достапен на следниот линк објавен на Македонската берза за хартии од вредност.

Наодите на независната ревизија што го чешлала работењето на „Водостопанство“ речиси и да не постојат. Всушност најстрашно од се е што независните ревизори онемеле односно технички кажано се воздржуваат од давање независно мислење. А основите за воздржување од давање мислење се испишани на две странички А4 формат. Меѓу нив има скандалозни работи како овие. Една од нив, на пример, е таа шо на крај на 2021 година „Водостопанство“ евидентирало дека на сметките во банките депоненти има на располагање пари и еквиваленти вредни 922.000 евра. Ревизорите, согласно нивните протоколи за работа, се зафатиле со проверка и утврдување на фактичката состојба. Побарале, но не добиле потврди од сите банки дека „Водостопанство“ располага со таа сума на пари. Тоа значи дека тие како независен надлежен мониторинг не можат да потврдат дека парите се на сметки или можеби „испариле“.

Исто така и во делот на побарувања односно она што менаџментот на „Водостопанство“ го пријавил дека му должат деловните партнери. Вкупниот износ пријавени побарувања изнесува 8 милиони евра. Кога земале да прават проверки не им биле дадени соодветни податоци за старосната структура на побарувањата. Кога ги засукале ракавите утврдиле дека само правни лица на „Водостопанство“ му должат 3,34 милиони евра повеќе од три години!!! А тоа според сметководствените стандарди се побарувања чија наплаќа е потешка и помалку веројатна. Тоа повлекува резервации на средства кои никогаш не се направени. А токму тоа може во значајна мерка негативно да влијае врз финансиското здравје на оваа државна компанија која е целосно зависна од државни дотации и донации и важи за фирма која е „бунар без дно“ или „црна дупка“.

Верувале или не, „Водостопанство“ не им дало документација на независните ревизори кога барале податоци за судски спорови кои се водат против фирмата со цел да утврдат дали има потреба од резервации на дополнителни средства кои може да треба друштвото да ги плаќа како резултат на идни изгубени судски спорови.

Исто така ревизорите биле ангажирани откако завршил пописот на средства и обврски, а исто така не биле во состојба да се уверат во состојбата и количините за залиха. Заради тоа не можат да утврдат дали се потребни корекции на извештаите за сеопфатна добивка, за состојба, за парични текови како и за промени во главнината.

Ова се само дел од наодите заради кои онеме независнот ревизор во државното „Водостопнаство“. Но дали неговите наоди може да стигнат „по допрен глас“ до скопското јавно обвинителство? 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy