Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бранка од Скопје низ солзи: Ја загубив внуката во земјотресот во Сирија, се уште е под урнатините
Македонија

Бранка од Скопје низ солзи: Ја загубив внуката во земјотресот во Сирија, се уште е под урнатините

09/02/2023

AA

Под урнатините на сирискиот град Алепо остана и четири годишната внука на Бранка Недељковиќ, Македонка која над две децении живеела во Сирија пред да избега поради вој ната.

Во обид да си ги извлече од станот на 4-кат во зградата, двете деца и сопругата, помладиот син во семејството Неделковиќ не успеал да ја спаси ќерка си.


Тие не се повредени, они се добро, ама девојчето.. четири години, отишла. Започнале да паѓаат делови од кујната, трчал да ги спаси, го спасил едното, не можел и другото, не можам ништо да го разберам и тој е потресен , и нема линија да зборувам со него. Нема контакт, нема струја, нема интернет“ вели Бранка Недељковиќ.

Доколку на време се вратеа во Македонија, ништо од ова немаше да се случи, низ солзи вели Бранка Недељковиќ.


Таа веќе неколку години е заглавена низ лавиринтите на македонските инстицуии. Бидејќи помладиот син е роден во Сирија, не можел да дојде со неа и со постариот брат кога побегнале од ужасите на војната пред шест години. Оттогаш никако не успева да ги среди документите.

Тој бара да се врати во Македонија. И документите, и моите што ги зема, он ми даде пари, јас му ги испратив на него тие пари за да може да извади пасоши и добив ветување дека ќе го донесат во Македонија и ќе го вработат. Тој сака да се врати, не сака таму да живее, нема никаков живот, таму нема услови, вели Бранка Недељковиќ.


Бранка Недељковиќ, имала убав и мирен живот. Го запознала сопругот, Сириец, во 80-те во Скопје, кога тој бил овде како студент. Потоа заедно заминале за Алепо.Сето тоа се менува буквално преку ноќ, со почетокот на граѓанската во јна.

Бранка сега е во скопски Бутел каде се грижи за постариот син кој е во инвалидска количка откако бил погоден од заскитан во Алепо.Тој има и психички псоледици, трауми бидејќи пред негови очи неговиот татко, сопругот на Бранка, се упокоил на почетокот на конфликтот.

Целата сторија со видео сторија може да ја проследите на Алфа ТВ.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока на македонско-косовската граница

01/08/2026

Тројца мажи се лишени од слобода, а одземени се две возила и криумчарена стока во акција спроведена на македонско-косовската граница.

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се чека до два часа

01/08/2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Автомото сојуз на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy