Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ресурсите под контрола, компаниите во развој – Божиновска во посета на лиценцираниот експлоататор ИГМ Вратница“
Економија

„Ресурсите под контрола, компаниите во развој – Божиновска во посета на лиценцираниот експлоататор ИГМ Вратница“

01/03/2025

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Божиновска, ја посети компанијата
ИГМ Вратница АД во општина Јегуновце,
која поседува
важечка лиценца за експлоатација на минерални суровини,
издадена од министерството.

Посетата е дел од континуираните активности на Министерството за мониторинг
на носителите на концесии и лиценци за експлоатација
, како и за
унапредување на регулативата во рударскиот сектор. Во рамки на средбата со
менаџментот, се разговараше за спроведувањето на законските обврски,
еколошките стандарди, безбедносните протоколи и можностите за подобрување на
ефикасноста во експлоатацијата
.

„Ресурсите на државата мора да се користат одговорно, транспарентно и со
највисоки стандарди. Институциите имаат обврска да водат грижа и континуирано
да ја проверуваат усогласеноста со законските обврски, безбедносните протоколи
и еколошките стандард“, истакна Божиновска.

Министерката при обиколка на капацитетите на фабриката директно
разговараше и со вработените, интересирајќи се за условите во кои работат. Дел
од 68-те вработени целиот свој работен век го минале токму во ИГМ Вратница и се
задоволни што компанијата останува стабилен стопански субјект во регионот. Тие
истакнаа дека континуираните инвестиции во модернизација и проширување на
производството не само што обезбедуваат сигурни работни места, туку и создаваат
можности за младите да ја градат својата кариера во оваа индустрија.

Од страна на менаџментот на ИГМ Вратница беше потенцирано дека се во
инвестициски циклус и вложуваат во нова автоматизирана технологија, која ќе им
овозможи поекономично користење на суровините и помало влијание врз животната
средина. Неодамна инвестирале и во нова автоматизирана опрема,
вклучително современа машина за производство на бетонски елементи, која,
според најавите, ќе овозможи поефикасно искористување на суровините и
енергијата во процесот на експлоатација и преработка
.

Компанијата ИГМ Вратница АД, основана во 1976 година, непрекинато работи
оттогаш и е водечка индустрија за градежни материјали со пет производствени
погони. Во рамките на своите напори за модернизација и зголемување на
ефикасноста, компанијата аплицирала и ќе биде корисник и на средства од
унгарскиот кредит. Овој кредит, во износ од 500 милиони евра, беше договорен од
Владата на Република Македонија и е наменет за поддршка на македонските
компании преку поволни финансиски средства.

Генералниот директор Владо Нацевски истакна дека досега никогаш не
користеле никаква државна помош, а за сите потребни модернизации и реновирања
морале да
земаат неповолни кредити, што го забавувало растот на компанијата.

„Овие средства од унгарскиот кредит се од огромно значење за
унапредување на производството и ефикасноста, и да ја реновираме, модернизираме
и вратиме во живот старата производствена хала. За компанија како нашата,
навистина претставуваат значајна поддршка за понатамошен развој“, истакна
Нацевски.

Министерството продолжува со активен мониторинг на сите носители на
лиценци, со јасна цел – законитост, ефикасност и одржливо управување со
минералните суровини, обезбедувајќи јасни и стабилни услови за работење на
компаниите во согласност со законите и меѓународните стандарди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОДИНАВА ИЗВРШЕНИ 15 ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА БУБРЕГ Клековски потсети дека многу

22/10/2026
Македонија

МИСАЈЛОВСКИ ПОРАЧА КАДЕ ЛЕЖИ ВИСТИНСКАТА СИЛА НА АРМИЈАТА На питомците

22/10/2026
Македонија

РАКОПИСОТ НА ЛИВЧИЊАТА КАЈ СОЅИДАНИТЕ 350.000 ЕВРА Е НА МАЈКАТА

22/10/2026
Македонија

САЈБЕР-ЗАКАНАТА ПОВРЗАНА СО PHP НЕ ГИ ДОПРЕ ВЛАДИНИТЕ САЈТОВИ Навреме

22/10/2026
Македонија

ПРИМИЛЕ ПОВИК ЗА ПОВРЕДЕН ЧОВЕК, НО НЕ ИСПРАТИЛЕ ЕКИПА Кривична

22/10/2026
Македонија

СВЕДОЦИТЕ НА ОДБРАНАТА РЕКОА ДЕКА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПОМАГАЛЕ ПО ПОЖАРОТ ВО

22/10/2026
Македонија

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ДВАТА ИЗВЕШТАИ ЗА СУДСТВОТО Судскиот совет предупреди

22/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СИЛНИ ПОРАКИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ НА САМИТОТ

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46316
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОДИНАВА ИЗВРШЕНИ 15 ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА БУБРЕГ Клековски потсети дека многу пациенти чекаат шанса

22/10/2026

Вкупно 15 трансплантации на бубрег се извршени годинава на Универзитетската клиника за урологија, наспроти 11 во текот на цела 2025

МИСАЈЛОВСКИ ПОРАЧА КАДЕ ЛЕЖИ ВИСТИНСКАТА СИЛА НА АРМИЈАТА На питомците им порача дека довербата е

22/10/2026

Единството и меѓусебната доверба се темелот на силна Армија, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски на свечената заклетва на питомците

РАКОПИСОТ НА ЛИВЧИЊАТА КАЈ СОЅИДАНИТЕ 350.000 ЕВРА Е НА МАЈКАТА НА РИСТОВ, РЕЧЕ ВЕШТАК Според

22/10/2026

Таткото на сопругата на обвинетиот Ѓоко Ристов, Ивица Зориќ и вештото лице Емилио Фришќиќ сведочеа денеска во Кривичниот суд како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy