Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реплек стартува иновативна платформа за добросостојба „РЕсет“:  работилници, настани и едукација за подобро здравје
Македонија

Реплек стартува иновативна платформа за добросостојба „РЕсет“: работилници, настани и едукација за подобро здравје

19/03/2024

AA

Симбиозата на добра физичка и ментална состојба е формула за здравје и добросостојба. Главен предизвик во модерниот начин на живот е како да се одржи здравјето и добросостојбата на телото и духот. Како компанија која сака да иницира промени и да ја менува деловната и општествената култура, „Реплек АД“ започнува нова платформа „РЕсет” за поттикнување на ведар дух, здраво тело и ментална сила, односно добросостојба. „РЕсет“ е во основата на визијата преку која компанијата сака да јa поттикне и промовира добросостојбата на лично и колективно ниво, поврзувајќи ја оваа платформа директно со кредото на компанијата „За мое добро“. Платформата „РЕсет“ ќе иницира низа активности достапни за јавноста, преку кои ќе се обиде да мотивира и да поттикнува промена на навиките и однесувањата на луѓето за добросостојба, здраво тело, здрав дух и ментална сила.

Сите кои сакаат да се РЕсетираат и да се приклучат на оваа иницијатива на „Реплек“ ќе можат да се приклучат на првата бесплатна онлајн работилница што ќе се одржи на 5.4.2024 година во 19.00 часот. На работилницата, Илина Арсова, нашата позната уметница и алпинистка со исклучителен животен стил, ќе ги сподели своите животни навики и мотивациски тактики за здраво тело и дух, а присутните ќе можат директно да комуницираат со Арсова и да постават прашања или да споделат искуства и мислења.

– Латинската изрека „во здраво тело, здрав дух“ е најкраткото, но истовремено и најсуштинското мото за важноста на добросостојбата на човекот. Стресниот и брзиот начин на живот остануваат сериозен фактор за нарушување на човековата добросостојба, а анализите покажуваат дека сѐ пониска е возрасната граница за појавување на сериозни нарушувања на здравјето. Ваквата состојба може да се промени со излегување од шаблоните. Како компанија која храбро чекори кон промените ние креиравме платформа која ќе овозможи сите во заедницата, вклучително нашите луѓе во компанијата, да се приклучат и да започнат нова поздрава страница во својот живот која ќе биде чекор кон добросостојба. Среќните луѓе се здрави луѓе, затоа ајде да направиме нешто надвор од рутината, да пробаме нови работи, односно да ги напуштиме старите и дотрајани шаблони, како што вели нашиот слоган „За мое добро ’’ – истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек АД“.

Според Меѓународната здравствена организација за 22% од луѓето во Европа стресот е најголем професионален здравствен проблем. Болестите предизвикани од стрес како кардиоваскуларни болести, дебелина, дијабетес, депресија и анксиозни нарушувања, според СЗО ја чинат глобалната економија над 1 трилион долари годишно. Според оваа светска организација, физичката неактивност придонесува за 3,2 милиони смртни случаеви годишно.

Статистиката укажува дека грижата за здравјето е врвен приоритет, па оттука „Реплек“ преку платформата „РЕсет“ креира простор за вклучување на секој граѓанин кој сака да го промени својот начин на живот и да го подобри своето ментално и физичко здравје. По работилницата со Илина Арсова, планирани се неколку настани за добросостојба во текот на годината, чија цел е  да едуцираат, мотивираат и да поттикнат промена кај луѓето, преку животното искуство на инспиративни личности од различни професии. Темите на работилниците ќе бидат од различни области, односно исхрана, физичко и ментално здравје и слично.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy