
„РЕПЛЕК“ ПОЧНУВА ПРЕГОВОРИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЕКСКЛУЗИВНИ ПРАВА ЗА МАРКЕТИНГ – еве за што се работи
Реплек преку Берзата ја известува инвестирторската јавност дека на 29 јануари годинава, по интензивни и обемни преговори, пристапиле кон достава на Писмо на намери кон г-дин Дејан Николовски, ДЕМАКС НОВА ИНТ. ДООЕЛ
Скопје и ДЕМАКС НОВА ДОО РС, и истото е потврдено и потпишано од сите засегнати страни.
„Со тоа е постигнато официјално почнување на преговорите за превземање на ексклузивните
права за маркетинг и дистрибуција на производите на HealthAid Limited UK од Велика
Британија, за целиот регион“, се вели во објавата.
Се нагласува дека Реплек АД Скопје почнува преговори за
стекнување на ексклузивни права за маркетинг и дистрибуција на производите на
HealthAid Limited UK (Велика Британија).
Ексклузивните права што се предмет на преговорите ги
опфаќаат териториите на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово,
Хрватска, Словенија и Црна Гора.
Како дел од преговорите, Дејан Николовски,
ДЕМАКС НОВА ИНТ. ДООЕЛ Скопје и ДЕМАКС НОВА ДОО РС се обврзуваат на
ексклузивност и непреговарање со други страни за слични права во одредениот период
предвиден во Писмото на намери.
„Со ова известување, РЕПЛЕК АД Скопје ја истакнува својата посветеност кон зголемување на
својата пазарна позиција и стратегија на долгорочен раст и развој, и добросостојба во
регионот“, се вели во објавата.
