Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024
Економија

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

04/10/2024

AA

Продолжува нагорниот тренд на остварени приходи
од продажба на „Реплек АД“. Во третото тромесечје од оваа година компанијата
оствари вкупен раст на приходите од продажба
во сегментот фармација од
30,9 отсто во однос на истиот период минатата година. Ваквиот позитивен
резултат, што е продолжение на трендот од изминатите две тримесечја, придонесе
за зголемување на вкупните приходи од продажба остварени во првите девет месеци
од 2024 година, кои во споредба со истиот период од 2023 година се зголемени за
24,3 отсто, надминувајќи 21 милиони евра.

Вкупниот раст на приходите од продажба е комбинација
на растот остварен во продажбата на домашниот пазар, каде во третиот квартал од
оваа година е регистрирано зголемување од 68 отсто, и од натамошното
зголемување на продажбата на странските пазари од што се остварени приходи кои
се за 20,7 отсто повисоки од лани.

Кумулативно, за изминатите девет месеци од оваа
година, „Реплек АД“ оствари продажба на домашниот пазар во вредност од близу
5,3 милиони евра, што е за 54,8 отсто повеќе од лани, како и продажба на странските
пазари во вредност од над 16 милиони евра, што е за 17 отсто повисоко од
остварувањето во истиот период минатата година.

„Задоволни сме од остварените резултати во овој
период на годината, кои ги надминаа и нашите првични очекувања предвидени со годишниот
план за продажба. Ваквиот позитивен тренд е резултат на големата посветеност и
енергија што ја вложува целокупниот тим на Реплек во реализација на нашата
компаниска развојна стратегија која се темели на инвестиции и модернизација,
градење на силно портфолио на производи и јакнење на пазарните позиции, како и
унапредување на задоволството на вработените. Уверен сум дека позитивните
резултати кои ги бележиме во континуитет во изминатиот период ќе ни влеат
дополнителна енергија и мотив за реализација на нашата визија за развој на
Реплек како современа, динамична 
компанија која со своите континуирани успеси и понатаму ќе дава
значителни придонес за развојот на македонската економија, истовремено
креирајќи дополнителна вредност за  вработените,
акционерите и за сите наши партнери“, изјави Душан Пецовски, главен и
извршен директор на „Реплек АД“.

Растот на приходите од продажба во деветте месеци
од оваа година ја прави повеќе од извесна реализацијата на предвидувањата за
очекуваните годишни приходи од продажба, кои според финансискиот план за 2024-та
се очекува да достигнат околу 31 милион евра, што е за околу 23 отсто повеќе во
однос на претходната година. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy