
РЕПЛЕК: Кој поседува 12 отсто од вкупниот број на акции?
Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД објавува дека акционер со над 5 отсто, претседателот на Управен одбор Пецовски Душан се стекна со нови 3 акции, со што поседува вкупно 3.122 или 12 отсто од вкупниот број на акции.
Исто така членот на Управен одбор Котески Коста се стекна со 1 нова акција, при што вкупно поседува 24 обични акции.
