Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реплек АД Скопје: Позитивните резултати во 2022 постигнати како резултат на зајакнат извоз ќе продолжат и во следната година
Македонија

Реплек АД Скопје: Позитивните резултати во 2022 постигнати како резултат на зајакнат извоз ќе продолжат и во следната година

03/03/2023

AA

Продолжува јакнењето на позициите на странските пазари и проширување на извозното портфолио на „Реплек АД“ Скопје. Минатата година „Реплек АД“ Скопје оствари раст на продажбата од 9%.

Приходите од продажба на странските пазари учествуваат со 68% во вкупните приходи на компанијата остварени минатата година. Зголемувањето во овој сегмент, покрај зајакнувањето на постојните позиции на странските пазари и проширување на портфолиото се должи и на освојувањето на нови пазари, реализирани во услови на енергетска криза и отежнато движење на стоки и услуги. Продажбата на странските пазари е исклучително важен сегмент за „Реплек АД“. Компанијата пласира дури 75% од своето производство во повеќе од 20 земји, а останатиот дел отпаѓа на домашниот пазар. Со свои производи компанијата е присутна на пазарите во Европската унија и Адриа регионот, како и на пазарите во Централна и Југоисточна Азија.

„Новата извозна стратегија на компанијата е базирана на амбициозен пробив на нови пазари и проширување на деловните активности на постојните. Промените што заедно со нашите вработени ги реализираме во нашата компанија се базирани на целосно преструктуирање, воведување на иновации и промена на одредени модели на работа. Првите резултати се мотив да продолжиме уште посилно и искрено се надеваме дека во блиска иднина ќе создадеме уште подобри резултати кои ќе бидат значајни за нас и за акционерите, но ќе дадат и дополнителна вредност за развој на македонската економија“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек АД“ Скопје.

Приходите од продажба на домашниот пазар во текот на 2022 година се зголемени за 3%, а консолидираната добивка пред оданочување изнесува 97,9 милиони денари. Вкупните приходи од сегментот фармација кои ги оствари компанијата во текот на минатата година се зголемени за 7%.

Добивката која ја оствари компанијата минатата година бележи пад во споредба со 2021 година, што во најголема мерка се должи на зголемените цени на енергенсите предизвикани од енергетската криза, а тоа влијаеше и на зголемување на расходите за 9% во однос на претходната година. Инвестициите во подобрување на конкурентноста на производите, преку модернизација и воведување на иновативни решенија, дополнително ќе придонесат за успешна реализација на деловните планови.

Компанијата во континуитет инвестира и во целосна модернизација и трансформација на работењето, поставувајќи нови напредни стандарди. Во таа насока, „Реплек АД“ инвестираше 43 милиони денари во фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 948.29 kWp, заменувајќи над 40% од вкупната потрошувачка на електрична енергија со обновлива сончева енергија. Компанијата доби и А – интегрирана еколошка дозвола, што е потврда за одговорното работење, континуираниот мониторинг и намалување на влијанието врз животната средина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy