Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РЕОРГАНИЗАЦИЈА ВО SAP ПОРАДИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – што ќе се случи со 8.000 вработени
Економија

РЕОРГАНИЗАЦИЈА ВО SAP ПОРАДИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – што ќе се случи со 8.000 вработени

27/01/2024

AA

Германскиот софтверски гигант SAP најави реорганизација на својот бизнис со вештачка интелигенција (ВИ), кој ќе вклучува околу 8.000 вработени.

Пред околу една година, компанијата со седиште во Валдорф укина 3.000 работни места за да ги насочи операциите и да се фокусира на својата основна дејност за развој на софтвер за корпоративно управување.

Сега планираат да го префрлат фокусот на вештачката интелигенција, пишува Seebiz.

ВИ, вработени и преквалификација

„Со планираната програма за трансформација, сè повеќе ги пренасочуваме инвестициите во области за стратешки раст, пред се вештачка интелигенција“, изјави извршниот директор на SAP, Кристијан Клајн.

„Тоа ќе ни овозможи да продолжиме да развиваме пионерски иновации додека ја подобруваме ефикасноста на нашите деловни процеси.

Повеќето од вработените погодени од последното преструктуирање се очекува да поминат низ внатрешна преквалификација или да им бидат понудени доброволни пакети за отпремнина. Од САП велат дека не можат да предвидат колку од тие 8.000 работници ќе останат во компанијата.

Тие очекуваат нивната вкупна вработеност да остане повеќе или помалку стабилна благодарение на инвестициите и плановите за раст во други области. На крајот на 2023 година, SAP имаше 107.602 вработени со полно работно време, во споредба со 106.312 една година порано.

Две милијарди во реструктуирање

Минатата година, SAP воведе производи како што е AI Assistant Joule, што им олеснува на корисниците да извршуваат типични задачи во компаниите.

Според Клајн, SAP сега ќе инвестира уште две милијарди евра во програмата за реструктуирање.

Клајн и неговиот главен финансиски директор Доминик Асам планираат да ја зголемат динамиката на продажбата и профитот во сегментот на облак бизнис оваа година. Прилагодените приходи пред камати и даноци треба да се зголемат за 17 до 21 отсто, исклучувајќи го влијанието на валутни разлики.

Во 2023 година SAP оствари приход од 31,2 милијарди евра, шест отсто поголем од претходната година, објави компанијата.

Нето добивката се зголеми за повеќе од тројно на 5,9 милијарди евра, благодарение на приходите од 12,5 милијарди долари од продажбата на поранешната подружница на SAP во САД за истражување на пазарот, Qualtrics.

Бонитет.ком

Фото: ЕПА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
Македонија

ЗНАМ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МАЃАР ЗА ПОБЕДАТА Уверени се дека

13/04/2026
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42424
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица тешко повредени!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри,

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале возачка дозвола

13/04/2026

Полицијата приведе 10 возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата. Од нив,

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската заедница во Скопје

13/04/2026

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска остро го осуди палењето на објект поврзан со Еврејската заедница и синагогата во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy