
РЕНТАКАР КОМПАНИЈА РАСПРОДАВА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: користена Тесла за 20.000 долари
Се чини дека
работата со електрични автомобили не функционира многу добро за Херц. Ројтерс
објави дека компанијата за изнајмување автомобили го намалува својот електричен
возен парк. Тоа значи продажба на 20.000 автомобили од понудата.
И иако Tesla не е
единствената марка на електрични возила што може да се изнајмуваат од Hertz,
таа ги покрива повеќето од електричните понуди на компанијата. Тоа значи дека
би можеле добро да се „офајдите“ ако сакате да чувате модел 3 во вашата гаража
и не се плашите да купите користен автомобил за изнајмување.
Во моментов,
Hertz нуди нешто повеќе од 600 Тесла автомобили од својата флота, со цени кои
започнуваат од околу 20.000 долари.
Најевтиниот е
Model 3 Standard Range Plus RWD од 2021 година со околу 150.000 km (92.789
милји) и цена од 20.125 долари. Технички гледано, батеријата сè уште е покриена
со фабричката гаранција на Tesla од 100.000 милји (околу 160.000 km).
Но, дали треба да
се плашите да купите користен електричен автомобил од компанија за изнајмување
автомобили? Според Ројтерс, скапите трошоци за поправка се причината поради
која Херц ја намалува својата електрична флота и сите знаеме каква репутација
ја имаат повеќето автомобили за изнајмување кога станува збор за тоа како биле
третирани додека ја користеле флотата.
Сепак, можеби сè
не е толку лошо за електричните возила. Како EV, нема потреба од редовно
одржување на менувачот или делови од моторот, како што се менување на масло и
слично.
Фото: Принтскрин/Твитер
