
Рен го суреди Ремс за да остане на позиција за Европа (ВИДЕО)
Жереми Доку за 20 минути практично ја обезбеди победата со двата гола во воведот од мечот, откако погоди во 9-та, па во 19-та минута и сѐ потоа до крајот беше послесно за Рен, кој на средина од вториот дел преку Артур Теате даде и трет гол за убедливата победа.
Рен сега има 53 бода на петтото место, пет помалку од четвртиот Монако со меч повеќе од „кнезовите“, а бод пред Лил и три бода пред Лион.
Головите на Доку може да ги погледнете ТУКА и ТУКА, а голот на Теате – ТУКА.