Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ремс ја продолжи чудесната серија со џиновски пресврт, Марсеј победи за второ место
Спорт

Ремс ја продолжи чудесната серија со џиновски пресврт, Марсеј победи за второ место

01/02/2023

AA

Бившиот европски и француски првак Олимпик Марсеј се искачи на второто место во Лига 1 и дојде на два бода со меч повеќе од Пари Сен Жермен, откако вечерва со автогол и сефте гол на зимското засилување Унахи славеше на гости кај Нант со 2-0, но и оваа 21 рунда во француската елита ја одбележува Ремс чија чудесна серија од 13 меча без пораз продолжи со џиновски пресврт против Лориен за победа со 4-2.

Жоао Виктор е трагичарот кој на Марсеј практично му го обезбеди триумфот со автоголот во 57-та минута, за најновото зимско засилување, Мароканецот Унахи да стави печат на победата во 90+3-та минута. Марсеј веќе седум меча е во сериија без пораз, во која ја запиша четвртата победа и сега има 46 бода како второпласиран, бод пред Ланс, а два зад ПСЖ, кои вечерва ги играат своите мечеви од ова вонредно коло во Лига 1.

Ремс на Лориен му даде предност од два гола, ама ако сите помислија дека дојде денот за да се прекине неверојатната серија која без пораз трае уште од средина на септември, се излажаа зашто Форлан Белогун со хет-трик донесе триумф со 4-2 и покрај негативата од 0-2 после повеќе од пола час игра.

Лориен преку Ле Фе (10.) и Коне (36.) дојде до огромна предност, но Белогун, кој пред три дена го шокираше ПСЖ за ремито 1-1, од пенал минута пред полувремето намали, а потоа во триминутен блиц-криг од 61-та до 64-та минута даде уште два гола за да ја обезбеди победата, откако Думбија во 51-та погоди за израмнување.

Со ова Ремс е во серија од 13 меча без пораз, иако е далеку од позиции за Европа, моментно на деветото место со 29 бода.

Ажаксио со 2-1 го победи Анже, а Тулуз со 4-1 ја сомле Троа. Лил и Клермон одиграа реми без голови во другите три меча од првиот дел од вечерашното вонредно коло.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

24/01/2026
Македонија

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од

24/01/2026
Македонија

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ

24/01/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, три

24/01/2026
Македонија

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се

24/01/2026
Македонија

ЗЛОУПОТРЕБЕН И ФОТОШОПИРАН ЛИКОТ НА АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА НА МАРШОТ

24/01/2026
Македонија

Адвокатката Коцевска со реакција на протест во Кочани: Досегашната воздржаност

24/01/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ОГРАДИ ОД КРИМИНАЛОТ НА КЛАНОТ ДУБАИ Од

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40584
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ Славјанка Петровска предложила политички ветинг

24/01/2026

Ако не почнеме да се менуваме, како партија ќе бидеме маргинализирани, а во крајна линија – ќе исчезнеме, порача пратеничката

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од исходот на Конгресот

24/01/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека денешниот Конгрес бил успешен од аспект дека бил усвоен извештајот за локалните избори

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ ШТО СЕДАТ НА ДВЕ СТОЛЧИЊА

24/01/2026

Вратите на СДСМ се отворени за секој чесен човек. Но нема место за тројански коњи, за оние што седат на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy