
Ремито на Франција и Холандија ја елиминира – Полска
Во осминафиналето се веќе Германија, Шпанија, Франција и Холандија, додека првата која испадна е репрезентацијата на Полска. Вечерашното реми меѓу Франција и Холандија, во комбинација со поразот од Австрија значи дека Полјаците без оглед на исходот од мечот во последното коло, можат да се подготвуваат за дома.
Полска нема бод по првите два натпревара, пред неа е Австрија со три бода, но и со триумф во меѓусебниот дуел. За Полјаците ова беше петти настап на европските првенства, а само еднаш успеа да ја помине групата и тоа во 2016 година кога стигна до четвртфиналето.
