
Реми во Франкфурт, само бод за Ајнтрахт против Бохум (ВИДЕО)
Ајнтрахт се бори за местата кои водат во Лигата на шампионите, беше фаворит против Бохум, но киксна на свој терен.
Бохум поведе во 14. минута со гол на Асано од одбиена топка, осум минути подоцна Ајнтрахт изедначи со гол на Коло Муани од пенал.

