Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реми на Силекс во Анталија, Кожув доби седум парчиња од Пандевци!
Спорт

Реми на Силекс во Анталија, Кожув доби седум парчиња од Пандевци!

09/02/2023

AA

Кратовски Силекс ремизираше 1-1 со узбекистанска Согдијана Џизак во третиот контролен меч на зимските подготовки во Анталија, а Академија Пандев со 7-0 го здроби второлигашот Кожув во денешната пресметка во Струмица во завршницата од овие подготовки на нешто повеќе од една недела до стартот на пролетниот дел.

Александар Катаниќ, зимското засилување на Силекс беше стрелец на единствениот гол во ремито со Согдијана и ова е второ реми за кратовци по ред, откако пред три дена ремизираа и со Сутјеска Никшиќ со 2-2, а претходно загубија од полска Ресовија Жежов со 1-2.

До крајот на подготовките на Силекс му преостануваат уште пресметките со Динамо Киев во сабота и со Торпедо Кутаиси на 14 февруари. Пред заминување во Анталија, кратовци одиграа реми за загревање со второлигашот Слога Виница.

Пандевци, кои донесоа дури десет засилувања зимава за да направат сериозна реконструкција во тимот и да ја остварат зацртаната цел опстанок, со 7-0 го сомлеа Кожув, во меч на кој Неат Абдулаи даде два гола, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Димитар Трајков, Георгие Јанкулов, Ване Крстевски, Илија Донов и Иван Галевски.

Пандевци во претходните пет контролки ремизираа со Брегалница 0-0 пред заминување во Анталија, па на турскиот југ загубија од Марица Пловдив со 0-1, од украинска Зарја со 0-2 и казахстански Кижилжар со 0-2, а го победија српски Раднички Ниш со 4-1.

Во недела против Детонит Плачковица ќе ја имаат генералката пред гостувањето во Ѓорче Петров кај Македонија ЃП на стартот од пролетниот дел од сезоната.

Денеска со реми подготовките во Анталија ги заврши Шкендија откако одигра реми 2-2 со летонска Валмиера и со скор од две нерешени и два порази се враќа во Тетово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy