
Реми без голови на фудбалерите до 19 години против Грузија
Македонија беше рамноправна на теренот, а на крајот средбата заврши без погодоци. Ремито за Македонија добива дополнително на значење ако се знае дека 15-тина минути игравме со играч помалку.
Во 78-минута исклучен беше Дарко Сековски. Фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров помина само четири минути на теренот пред „поцрвене“.
Вториот натпревар кој се игра исто така во Тбилиси нашите фудбалери ќе го одиграат на 10-ти јуни.

