РЕКОРДНАТА ПЛАТА ЈА ПРИМИЛ АЗЕРБЕЈЏАНЕЦ ОД СЕКТОРОТ НЕДВИЖНОСТИ – објавено колку е највисокото месечно примање во Црна Гора
Највисоката исплатена бруто-плата лани во Црна Гора била 127.820 евра. Таа сума, која вклучува даноци и придонеси, била платена на азербејџански државјанин вработен во бизнисот за изнајмување недвижнини.
Тоа се 129 просечни бруто плати лани или 284 минимални плати во таа земја. Според податоците на Монстат, на ниво од минатата година просечната бруто плата била 987 евра, а минималната 450 евра.
Вработените во секторот за монетарно посредување, односно банкарскиот сектор, минатата година земале втора највисока бруто плата во Црна Гора. Станува збор за црногорски државјанин на кој му биле исплатени 110.370 евра.
На трето место е државјанин на Грција, кој е вработен во трговија на големо со гориво. За еден месец му биле исплатени 109.280 евра. На четврто место се најде уште еден државјанин на Азербејџан, кој исто така изнајмува недвижен имот со месечен приход од 108.220 евра.
На петто место е Австриец од други забавни и рекреативни активности со месечни примања од 97.690 евра, додека на шесто е хотелиер, државјанин на Црна Гора, со исплатена плата од 95.890 евра.