
РЕКОРДНА ЦЕНА: Колку чини една златна прачка?
Расте вредноста на златните прачки. За прв пат во историјата вредноста на една стандардна прачка злато е над милион долари.
Пресвртницата се случи во петокот, кога цената на благородниот метал се зголеми на 2.500 долари за унца, што е рекорд на сите времиња. Вообичаено златните прачки тежат околу 400 унци, а тоа значи дека секоја од нив чини повеќе од милион долари.