
РЕКОРДИ НА ТЕМПЕРАТУРА: До -10 степени во Кина и -12 во Јужна Кореја
Кинеската престолнина Пекинг го доживеа најстудениот декември од 1951 година – со температури под -10 степени Целзиусови. Студеното време ги зафати и провинциите, училиштата на некои места се затворени, а транспортот е сериозно нарушен.
2023 година беше екстремна година за Пекинг – пред само шест месеци, главниот град го забележа најтоплиот ден во јуни – над 40 степени.
Необично време беа зафатени и Јапонија и Јужна Кореја – во Хокаидо се насобра 1 метар снег, а во Сеул термометрите покажаа -12 степени.

