Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА: Русија инвестира милијарди во војска и покрај санкциите
Економија

РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА: Русија инвестира милијарди во војска и покрај санкциите

05/12/2024

AA

Буџетот за 2025 година предвидува распределба на 13,5 трилиони рубљи (126,8 милијарди долари) за националната одбрана, што е значително зголемување во однос на планираните 10,8 трилиони рубљи за 2024 година.

Тоа значи дека одбраната следната година ќе сочинува 32,5 отсто од федералниот буџет на Русија, наспроти 28,3 отсто оваа година.

Предлог-буџетот беше претставен во септември, а руските пратеници го одобрија во последните десет дена.

Рекорден буџет за војната во Украина

Овој рекорден буџет доаѓа кога војната во Украина се приближува кон својата четврта година, која започнува во февруари.

Иако западните земји воведоа голем број санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, режимот на Путин успева да ја одржи економијата, со многу активности насочени кон војската.

Сепак, руската економија е под притисок бидејќи воените активности ја поттикнуваат инфлацијата. Поради ова, Централната банка на Русија ја зголеми основната каматна стапка, која сега е на рекордно ниво од 21 отсто.

Минатиот месец гувернерот на Централната банка изјави дека економијата е на „пресвртна точка“ и дека со забавување на инфлацијата се очекува намалување на каматните стапки.

Падот на рубљата и социјалните притисоци

Рубљата падна на најниско ниво во последните 32 месеци, што укажува на проблеми во руската економија. Путин ги повика граѓаните да не паничат поради падот на вредноста на рубљата.

Аналитичарите на Институтот за проучување на војната оценија дека зголемувањето на буџетот за одбрана не мора да значи и подобрување на воената способност, бидејќи значителен дел од средствата ќе одат за бенефиции за војниците, ветераните и нивните семејства, пишува Business Insider.

– Фокусот на Русија на трошоците за одбрана веројатно ќе влијае на одржливоста на социјалните програми, што може да го отежне Кремљ да ја продолжи војната во Украина со оглед на зголемениот притисок врз економијата – се наведува во извештајот.

„Сосема необична ситуација“

Минатата недела, директорот на една од најголемите руски банки, Андреј Костин од ВТБ, изјави за Ројтерс дека продолжената војна и економската ситуација ќе ја забават руската економија следната година.

– Невозможно е економијата да мине низ вакви настани без последици – рече Костин, но додаде дека економијата се уште е „здрава“.

Костин предвидува дека растот на рускиот БДП ќе забави до 1,9 отсто во 2025 година, што е над прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд од 1,3 отсто. Според ММФ, руската економија во 2024 година ќе порасне за 3,6 отсто.

Министерството за економија на Русија предвидува раст од 3,9 отсто оваа година и 2,5 отсто следната година.

– Војната трае речиси три години, а воведени се огромен број санкции. Живееме во сосема необични услови – заклучил Костин.

Бизпортал.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy