Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рекорден број на интернет портали регистрирани во ДИК за платено политичко рекламирање
Македонија

Рекорден број на интернет портали регистрирани во ДИК за платено политичко рекламирање

29/02/2024

AA

„Слушавте сите заедно, сме имале многу портали што некои јас воопшто не ги знам“, рече потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеку. „Слободни благи рецепти“ беше „најинтересен“ за членовите на Комисијата и присутните на јавната седница која се одржа попладнево.

Рекорден е бројот на интернет портали кои ќе понудат платено политичко рекламирање (ППР) за претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија. Дури 249 портали се пријавиле во ДИК, а уште десетина биле одбиени оти не доставиле валидна тековна состојба, недоставиле ценовници или се пријавиле вон рокот. Одбиена е и една емисија или подкаст кој аплицирал исто така за ППР.

За споредба на последниот изборен циклус во Македонија за локалните избори беа регистрирани: 195 интернет портали, 41 телевизија, 48 радио станици и 10 весници.

Сите национални телевизии (терестријални, кабелски и сателитски) се пријавиле исто така за ППР. Вкупниот број е 37.

35 радио станици од цела држава исто така изразиле подготвеност да емитуваат платена политичка програма.

Најмалку се весниците и магазините. Само 11 ќе се најдат во регистарот кој на својата веб страница треба да го објави ДИК.

На седницата беше потенцирано дека дел од медиумите доставиле цени повисоки од претходно утврдените од страна на ДИК и истите ќе имаат рок од 72 часа да ги корегираат.

Ист е бројот на медиуми кои ќе понудат ППР за претседателските и парламентарни избори, но сепак ДИК изготва два регистри со оглед на тоа што може да имаат различни ценовници медиуми.

За споредба, во 2021 година имаше пријавено 290 медиуми за ППР, од кои 190 беа портали. Тогаш беа потрошени 3,3 милиони евра за изборна кампања.

ДИК пресмета дека, поради паралелните избори, за платено политичко рекламирање ќе биде потребна рекордна сума од државниот буџет – 10,6 милиони евра.

Кампањите ќе се совпаднат меѓу 17 и 22 април, пред првиот круг од претседателските избори и меѓу 25 април и 6 мај пред парламентарните избори и пред многу веројатниот втор круг за избори на шеф на државава, кои треба да се одржат истиот ден, на 8 мај.

Во 2016 година, на последните избори кога партиите од свој џеб ги плаќаа изборните реклами, сите партии потрошиле само 2,5 милиони евра, што е четирипати помалку од предвидената финансиска рамка за двојните избори што следат.

Партиите нема да можат да нарачуваат платено политичко рекламирање во медиуми кои ги нема во регистарот на ДИК и на нив нема да може да им исплаќа пари од трансакциската сметка за изборната кампања.

Првиот круг претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг за избор на претседател заедно со парламентарните избори  ќе биде на 8 мај.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy