Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Рекорден број на хумани граѓани на петтата крводарителска акција во Хотел „Фламинго“
Македонија

Рекорден број на хумани граѓани на петтата крводарителска акција во Хотел „Фламинго“

25/02/2025

AA

Хотел „Фламинго“ Казино и Општинската организација на Црвен крст Гевгелија и вчера успешно ја реализираа петтата по ред традиционална крводарителска акција, која оваа година достигна рекорден одзив.

Вкупно 91 хуман граѓанин, од кои 70 се вработени во Хотел „Фламинго“ казино, се
приклучи на акцијата и даруваше крв, покажувајќи ја својата солидарност и посветеност кон спасување човечки животи.

Крводарителската акција се одржа во просториите на Хотел „Фламинго“ Казино–
Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на Република
Северна Македонија.

„Оваа акција, најмасовна досега, претставува значаен чекор во поттикнувањето на
крводарителството и создавањето на сигурни резерви на крв за оние на кои им е
најпотребна. Како компанијата сме горди што сме дел од оваа хумана активности и
што на овој начин можеме да вратиме кон заедницата во која што што деловно сме
активни. Како општествено одговорна компанијата и во иднина ќе продолжиме да
бидеме дел од донаторски и хуманитарни активности“, вели Елена Mинева од Хотел
„Фламинго“ Казино.

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија изрази длабока благодарност до
сите доброволци кои ја поддржаа акцијата и со својот хуман гест помогнаа во мисијата
– крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв.

„Оваа успешна соработка со Хотел „Фламинго“ продолжува и во иднина, со заедничка
цел – поддршка на здравствениот систем и унапредување на крводарителската
култура во општеството“, велат од ОО Црвен Крст Гевгелија.

Оваа акција уште еднаш ја потврди заложбата на Казино Хотел „Фламинго“ за
реализација на иницијативи за градењето похумано и посолидарно општество.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy