
РЕКОРД: Србите навалија за работни дозволи во Германија
Србите имаат рекорден број на барања за работни дозволи во Германија.
Годинава во Србија се поднесени над 67.000 барања за работни дозволи, а имајќи ја предвид досегашната практика на одбивање на 10 отсто од барањата, се очекува 2024 година да биде рекордна, објави германската организација за Меѓународна соработка (ГИЗ), пренесе N1.
Во 2023 година се издадени 52.185 работни дозволи на странци, што е зголемување за 48 отсто во однос на 2022 година и 120 отсто во однос на 2021 година.
Голем број Балканци живеат и работат во Германија.
foto freepik.com