Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реките „дивеат“: Вардар кај Јегуновце надмина 2 метри, Црна Река руши рекорди – драстичен пораст на водостоите
Македонија

Реките „дивеат“: Вардар кај Јегуновце надмина 2 метри, Црна Река руши рекорди – драстичен пораст на водостоите

22/11/2025

AA

Обилните врнежи од дожд кои ја зафатија Македонија предизвикаа енормен пораст на нивото на реките, а најновите податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за 22 ноември се загрижувачки. Мерењата извршени утрово во 07:30 часот покажуваат дека водостоите на речиси сите поголеми водотеци се далеку над просекот за овој месец, а на одредени мерни места нивото на водата е зголемено за повеќе од четири пати во споредба со вообичаените вредности.

Хидролошката слика е најдраматична во западниот и централниот дел на земјата, каде реките Вардар, Црна Река и Треска бележат вртоглав раст.

Најголемата македонска река, Вардар, покажува екстремно високи вредности, особено во горниот тек.

Најголемо внимание привлекува водостојот на Црна Река во Пелагонискиот регион, каде состојбата се влошува.

Слична е ситуацијата и со реката Треска кај Македонски Брод, каде нивото скокнало од 106 на 137 сантиметри за само 24 часа. Ноемврискиот просек таму е само 13 см, што значи дека реката е десеткратно зголемена.

Врнежите не го заобиколија ниту источниот дел. Реката Брегалница кај Штип бележи нагол пораст – од вчерашните 105 см, денеска нивото достигна 147 сантиметри (просек 75 см). Реката Струмица кај Сушево исто така порасна на 150 сантиметри, што е повеќе од двојно од просекот.

За разлика од реките, состојбата кај природните езера е постабилна, но со видлив тренд на пораст.

Надлежните апелираат на внимателност бидејќи хидролошката состојба е исклучително динамична и променлива.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СРБИН ЛЕТАЛ СО 158 КМ НА ЧАС Приведен е на

23/11/2026
Македонија

УНГАРИЈА ОСТАНУВА СИЛЕН ПОДДРЖУВАЧ НА МАКЕДОНИЈА Муцунски се сретна со

23/11/2026
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46888
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СРБИН ЛЕТАЛ СО 158 КМ НА ЧАС Приведен е на Табановце и однесен во полициска

23/11/2026

На граничниот премин Табановце лишен од слобода e српски државјанин, кој управувал возило со брзина од 158 км/час на место

УНГАРИЈА ОСТАНУВА СИЛЕН ПОДДРЖУВАЧ НА МАКЕДОНИЈА Муцунски се сретна со министерката Орбан

23/11/2026

Во рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски ѝ порача на опозицијата да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска им порача на младите кои протестираа против насилството врз жените, дека во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy