
РЕК БИТОЛА РАБОТИ САМО СО ЕДЕН БЛОК – испад на далновод го остави без струја БЛОК 1
Комбинатот РЕК Битола попладнево работи само со еден блок – Блокот 3, откако поради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја останал Блокот 1, соопштија од ЕСМ.
– Попладнево, околу 16:45 часот заради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја остана Блок 1 на РЕК Битола, по што постојката испадна од мрежа. Комбинатот продолжува да работи со еден блок, Блок 3, до повторно ставање во функција на Блок 1 – наведуваат од ЕСМ.
Воедно, потсетуваат дека на Блок 2 во тек се ремонтни активности