Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РЕГУЛАТОРОТ ДАДЕ „ИЗИМ“, ПОНУДУВАЧОТ ГИ ИМА ПАРИТЕ, АКЦИОНЕРИТЕ СЕ НА ПОТЕГ – како ќе одлучат другите сопственици на РЖ „Економика“
Економија

РЕГУЛАТОРОТ ДАДЕ „ИЗИМ“, ПОНУДУВАЧОТ ГИ ИМА ПАРИТЕ, АКЦИОНЕРИТЕ СЕ НА ПОТЕГ – како ќе одлучат другите сопственици на РЖ „Економика“

12/02/2025

AA

Регулаторот ја даде дозволата, понудувачот си ги подготви и си ги тргна настрана парите предвидени за таа намена, сега на
ред се акциконерите да одлучат.

Имено, Комисијата за хартии од вредност дала одобрение кавадеречката
компанија ГМЛ Кавадарци да даде понуда за преземање на сите акции на РЖ Економика.

На акционерите им се нудат по 50 денари за акција, а понудата ја дава
компанија која поседува 40 отсто од капиталот. Понудувачот не дал праг на
прифатен процент на акции кој би се пропдал, за понудата да се смета за
успешна.  

„Комисијата
за хартии од вредност донесе Решение
со кое на Друштвото за производство, трговија и услуги ГМЛ ДООЕЛ увоз-извоз
Кавадарци му се издава дозвола за давање понуда за преземање на Рудници и
железарница Економика Акционерско друштво за трговија, финансиско посредување,
изнајмување на имот и деловни активности – Скопје. Понудата за преземање се однесува на 320.925
обични акции со право на глас издадени од РЖ Економика АД Скопје. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 50 денари по
акција. Согласно Понудата за преземање, преземачот не утврдил најмала количина
на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде
прифатена за понудата да се смета за успешна“, се вели во објавата од Комисијата за харии од
вредност.

Фактор веќе пишуваше за намерата да се даде оваа понуда. Објавивме дека кавадаречката фирма ГМЛ која е најголем поединечен акционер во РЖ Економика нуди да ги купи акциите по највисока годишна пазарна цена која изнесува 50 денари за акција.

Кавадаречката компанија ГМЛ кон крајот на декември лани стана
најголем поединечен акционер во РЖ „Економика“ и сега поседува 40,04 отсто од сите акции со право на глас, а втор најголем акционер е скопск „Макстил“ кој има во своја сопственост 20,1 отсто од акциите, додека, пак, трет најголем акционер е скопската фирма „Фирст Поинт МН“ која располага со 8,08 отсто од акциите.

Според официјалните податоци од Централниот депозитар во РЖ „Економика“ има точно 3.155 акционери домашни физички лица, кои заедно поседуваат
28,92 отсто од акциите.

Сега се тие, заедно и со
двете компании, односно Макстил и Фирст Поинт МН, практично на потег. Однсоно,
сега имаат можност да одлучат
дали ќе ги продадат своите акции или ќе останат и понатаму акционери.

Со оглед на фактот што даде намера за јавна понуда, сега кавадаречката компанија ќе депонира над
261.000 евра со кои се гарантира дека ќе бидат платени сите акции што ќе бидат
запишани за продажба.

Фактор веќе пишуваше дека
ако „Макстил“ одлучи да ги
продаде сите свои акции во РЖ Економика за тоа ќе наплати 87.000 евра. Околу
37.000 евра,
пак, се резервирани за
третиот најголем акционер односно „Фирст Поинт МН“ доколку реши да ги продаде
своите акции. А,
за оние 3.155 акционери домашни физички лица има 137.000 евра депонирани пари, и нив би
им припаднал дел соодветен на количината односно процентот на акции со кои
располагаат.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy