Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РЕГИОНОТ ПРЕД ГОЛЕМА БУРА, НА УДАР СЕ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ЦРНА ГОРА И АЛБАНИЈА: Дали бурата ќе дојде во Македонија?
Регион

РЕГИОНОТ ПРЕД ГОЛЕМА БУРА, НА УДАР СЕ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ЦРНА ГОРА И АЛБАНИЈА: Дали бурата ќе дојде во Македонија?

22/02/2024

AA

Времето во регионот полека ќе започне да се влошува, и тоа поради влијанието на длабокиот циклонски систем кој слободно може да се нарече ураган и кој е со центар над северозападна Европа, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Веќе од денес во Црна Гора, Босна  и Херцеговина а потоа и во соседна Албанија ќе започнат врнежи од дожд и ќе бидат многу обилни особено за време на викендот, кога на планините ќе врне снег и локално се очекува формирање на снежна покривка од над 30 сантиметри.

Во овие три држави локално ќе наврне големо количество на врнежи (а можно е дури да наврне и месечно количество на дожд за два дена,  па и повеќе од тоа) локално над 100/150 литри дожд на метар квадратен, што е премногу за релативно краток период, па токму поради ова можни се и локални поплавувања.

Сето ова ќе биде проследено и со олуен јужен и југозападен ветер со удари понекаде  и од над 85 км/час.

Овој циклон овој викенд ќе влијае на времето и во Македонија, со што ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со засилен јужен и југоисточен ветер. Сепак кај нас не постојат услови за поплавувања, но ќе ја почувствуваме поголемата промена на времето која ј најавивме.

Што се однесува до температури тие  и понатаму кај нас остануваат натпросечно високи“, вели Попоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ќе се купува нов државен авион? Томовски најави можност за

09/02/2026
Македонија

НЕОДРЖЛИВАТА СТРАТЕГИЈА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ ДВОЈНО ВИКТИМИЗИРА До

09/02/2026
Македонија

Пеперони не е најпопуларната пица во Скопје, но Wolt знае

09/02/2026
Македонија

Осум дена притвор за маж од ресенско поради измами со

09/02/2026
Македонија

КАКО СЈО ПОТРОШИЛО МИЛИОН ЕВРА ЗА САМО 2,5 МЕСЕЦИ? Манасиевски

09/02/2026
Македонија

Нов закон за високо образование, што се менува?

09/02/2026
Македонија

Пратениците да си дојдат утре пешки, ние ќе работиме, синдикатите

09/02/2026
Македонија

Клековски против минималната плата од 600 евра: Земјата не е

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41232
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ќе се купува нов државен авион? Томовски најави можност за летало со 14 седишта

09/02/2026

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, денеска изјави дека е потребна набавка на нов државен авион

НЕОДРЖЛИВАТА СТРАТЕГИЈА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ ДВОЈНО ВИКТИМИЗИРА До кога ќе се тера инает

09/02/2026

Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, трагедија која однесе 63 млади животи, иако се уште е во рана фаза,

Пеперони не е најпопуларната пица во Скопје, но Wolt знае за што е вистинскиот копнеж

09/02/2026

Ако мислиш дека најнарачуваната пица во Скопје е Пеперони, правиш сосема  логична претпоставка. Само што таа не е победникот. Во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy