
Речиси 100 загинати во уривање на покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република
Најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени откако се урна покрив на ноќен клуб во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република, соопштија официјални лица.
Несреќата се случила во раните утрински часови во вторникот на концертот на популарниот меренге пејач Рубио Перез во ноќниот клуб Џет сет.
Меѓу загинатите е и гувернерот на провинцијата и поранешен бејзбол играч во Америка, Октавио Дотел (51).
Тој починал на пат кон болница откако бил извлечен од урнатините.
На концертот имало стотици луѓе, а голем број спасувачи се уште трагаат по преживеани.
Се стравува дека бројот на загинати ќе расте.
Спасувачките служби се надеваат дека многумина кои беа затрупани под урнатиот покрив се уште се живи.
Џез сет е популарен ноќен клуб во Санто Доминго кој редовно одржува концерти.
На овој концерт присуствуваа политичари, спортисти и други истакнати личности.
Меѓу жртвите е Нелси Круз, гувернер на провинцијата Монте Кристи, изјави претседателот Луис Абинадер.