Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од иницијативата „Кој е следен“ бараат јавно достапен е-инспекторат за контролата на локалите
Македонија

Од иницијативата „Кој е следен“ бараат јавно достапен е-инспекторат за контролата на локалите

09/04/2025

AA

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата поднесоа барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите каде секој ќе има пристап. 

Како што појасни претставникот од иницијативата Умер Мухамеди, барањето е да има веб страна на која секој ќе може да го напише името на субјектот на локалот, каде ќе биде објавена целата документација од инспекциските надзори. 

– Нашето прво барање кое што денеска го поднесуваме е спроведување на електронски систем за внесување на записниците на инспекциските надзори, а тоа е е-инспекторат. Како го замисливме ние е-инспекторат да функционира е тоа да биде страна, каде што секој од нас ќе може да го напише името на субјектот на локалот, каде што планира да пие кафе, да се забавува и така натаму, со што таму на таа страна ќе се објави цела документација, сите инспекциски надзори дали се позитивни или негативни за тој субјект, рече Мемеди. 

Доколку го нема името на субјектот којшто ќе биде напишан, Мемеди појаснува дека тоа ќе значи дека истиот врши дејност која што ја нема регистрирано во соодветните регистри.

– Во случај да напишете, на пример, името на субјектот да не ви излезе ништо за тој субјект, тоа значи дека истиот врши дејност која што ја нема регистрирано во соодветните регистри, за жал, имаме голем број такви, вели Мемеди.

Целта на ова, додаде, посетителите на локалите да знаат дали се безбедни и да се спречат поголеми трагедии. Во однос на другите барања кои граѓанската иницијатива ќе ги поднесе, Мемеди истакна дека ќе бидат поднесени барања до Министерството за правда и до Собрание кои се однесуваат на реформи во правосудниот систем.

– Целта на е-инспекторатот е сите ние да знаеме во местата што ги посетуваме, дали сме безбедни или не сме безбедни, за во иднина да спречиме поголема трагедија. Во однос на другите барања, поднесуваме барања до Министерството за правда и до Собрание за реформи во правосудниот систем. Таму ќе го издвојам, на пример, нашето барање за промена на начинот за полагање на правосудниот испит. За сите кои не знаат, Министерството за правда формира комисија за полагање на правосудниот испит. Ние бараме тоа да се смени, бидејќи сметаме дека имаме конфликт на интереси, рече Мемеди. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нова дезинсекција во Скопје: На 9 септември прскање против ларви

07/09/2026
Македонија

25-годишник убиен во Скопје – бил застрелан со повеќе куршуми

07/09/2026
Македонија

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на

06/09/2026
Македонија

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026
Македонија

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува

06/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот кај Рамно го замириса Скопје, активни се над

06/09/2026
Македонија

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на

06/09/2026
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45504
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нова дезинсекција во Скопје: На 9 септември прскање против ларви од комарци

07/09/2026

Граѓаните на Скопје во среда, 9 септември, треба да очекуваат нова акција за заштита од комарци. Од Градот Скопје информираат

25-годишник убиен во Скопје – бил застрелан со повеќе куршуми

07/09/2026

Дваесет и петгодишен маж е убиен во скопската населба Дуќанџик, објави порталот „Па Ценсуре“. Според првичните и засега неофицијални информации,

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на отворен простор

06/09/2026

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а во неговото гаснење се ангажирани скопските пожарникари. Во меѓувреме, попладнево избиле уште

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy