
РЕЧЕНИЦИ ШТО ЈА УНИШТУВААТ САМОДОВЕРБАТА: Три токсични фрази што добрите шефови никогаш не ги користат
Некои шефови знаат како да ги мотивираат вработените со конкретни совети и конструктивни повратни информации. Други, пак, избираат пасивно-агресивен пристап и токсични фрази кои речиси секогаш прават повеќе штета отколку корист, вели истражувачот за лидерство и деловно опкружување, Зак Меркурио.
Според него, лошите менаџери често ги користат следните три токсични фрази:
„Не заборавајте дека сте заменливи.“
„Никој нема да дојде да те спаси.“
„Мора да се докажеш.“
„Сè уште постои онаа стара поговорка меѓу менаџерите: „Немој да мислиш дека си незаменлив. Секогаш можеме да најдеме некој друг.“
Кога шефовите ги користат овие фрази или ги формулираат поинаку, но со иста порака, тие веројатно сакаат да ги охрабрат вработените да работат понапорно и да го дадат својот максимум. Сепак, пораката честопати делува како закана и предизвикува страв, објаснува Меркурио.
„Кога луѓето се чувствуваат заменливи, тие се однесуваат така. Тие не се ангажираат, не даваат сѐ од себе. Всушност, тие вложуваат помалку труд. На овој начин, ја уништувате нивната самодоверба, нивното чувство за вредност и способностите што им се потребни за да напредуваат“, објаснува тој за Cnbc, пренесува bizlife.rs.
Доколку забележите дека некој вработен има тешкотии на работа, наместо веднаш да се заканувате или да преземате формални мерки, седнете и разговарајте со него за очекувањата и предизвиците. Меркурио истакнува дека понекогаш се започнува план за подобрување на перформансите без вработените да добијат вистинска поддршка или отворена комуникација со нивните претпоставени.

