
Ребека: Да се помолиме и за Панчо, те молам не се предавај!
Пејачката Ребека Јанковска Ристески на социјалните мрежи сподели нови детали за состојбата на пејачот Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК.
„Драги и почитувани пријатели, Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир, Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части,а имаше 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец,патриот,хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа,а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот. Панчо мил, Те молам не се предавај!!!! Владимир е во Систина префрлен вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е“, напиша таа.
Владимир беше хоспитализиран откако се здобил со изгореници на лицето и раката и вдишал чад по синоќешниот настап во дискотеката Пулс во Кочани.
Неговиот колега, и